Повеќе стотици учесници од сите генерации во дедомразовски костуми денеска трчаа низ центарот на Скопје на традиционалната Дедомразовска трка.
Патеката е во должина од 2 километра, а трката ја организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.
Најбрзите добија и награди, а имаше и и лотарија за исполнување на новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место.
Фото: Ѓ. Личовски
Фото: К. Попов