Митко и Кате Дрвошанови се принцот и принцезата кои ќе го предводат големото карневалско дефиле во Струмица вечерва (1 март). Тие беа избрани на синоќешниот маскенбал во Струмица а беа облечени како модерен лик и Божицата Афродита. Дрвошанов е долги години учесник на маскенбалите во Струмица и кажа дека сака да ја продолжи и да ја унапреди нашата вековна традиција.

„Ова е наша вековна традиција и сакаме да ја унапредиме и да придонесеме да стане уште поголема и попосетена“, рече Дрвошанов по нивниот избор за принц и принцеза на карневалот.
На маскенбалот во Струмица дојде и градоначалникот Костадин Костадинов со неговата партнерка Снежана. Беа облечени како викинзи и кажа дека изборот на маската бил заеднички.

„Мојата денешна маска е Викинг. Тие се симбол на честа, на борбата и на храброста. Изборот на маската беше заеднички и воопшто не беше тешко да се направи, кога се има љубов кон традицијата“, кажа градоначалникот Костадинов.

Вечерва по струмичките улици треба да продефилриаат 35 групни маски со околу 1000 карневалисти од земајва но и од Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија.
В.ТРАЈКОВ