ТАКА ЗБОРУВАШЕ СТИВЕН ХОКИНГ

Лондон, (Гардијан)

Стивен Хокинг, „најсјајната ѕвезда на научното небо“ и еден од најголемите умови на нашето време, почина на 76-годишна возраст во својот дом во Кембриџ.

НАСА го опиша Хокинг како амбасадор на науката, а за светот, тој стана симбол на неограничените способности на човечкиот ум.

„Неговите теории отворија универзум од можности, што ние и целиот свет ги истражуваме. Продолжи да леташ како супермен во микрогравитацијата“, напиша НАСА на Твитер.

За чудесниот живот на британскиот физичар најдобро зборува фактот дека лекарите му дале само две години живот, кога во 1963 година, на 21-годишна возраст, му била дијагностицирана неуролошката болест амиотрофична латерална склероза, поради што со тек на време остана парализиран.

„Иако над животот ми се појавија темни облаци, сфатив дека многу повеќе уживам во животот од порано. Почнав да напредувам со истражувањата“, кажа еднаш Хокинг, додавајќи која била главната цел на неговата кариера.

„Тоа е целосно разбирање на вселената. Зошто е таков каков што е и зошто воопшто постои?“

Еве уште неколку од неговите славни мисли:

  • Ние сме напреден вид мајмуни на мала планета на една многу необична ѕвезда. Но, можеме да ја разбереме вселената и затоа сме многу посебни.
  • Животот ќе беше трагичен да не е смешен.
  • Гледајте горе во ѕвездите, не долу во своите стапала.
  • Најголемиот непријател на човекот не е незнаење, туку илузија на знаењето.
  • Луѓе кои се фалат со својот коефициент на интелигенција се губитници.
  • Верувам дека наједноставното објаснување е дека бог не постои. Никој не го создал универзумот и никој не управува со нашата судбина. Ова, веројатно, значи дека не постојат ни рај, ни живот по смртта. Го имаме овој еден живот и многу сум благодарен за тоа.
  • Кога би нѐ посетиле вонземјани, мислам дека резултатот би бил ист како кога Колумбо ја откри Америка.