Пред неколку дена, пејачката Пинк откри дека имала позитивен тест на коронавирус, исто како и нејзиниот тригодишен син Џејмсон и иако сега се подобро, таа вели дека сѐ уште не се целосно заздравени.
„Се надевам дека најлошото помина, но оваа работа е многу непредвидлива. Тамам ќе помислиш дека си подобро, ќе се случи нешто друго“, раскажа 40-годишната пејачка во своето јавување во живо на Инстаграм.
Пинк кажа дека и двајцата биле многу болни, но Џејмсон имал потешки симптоми.
„Овие три недели водев дневник за нашите симптоми и тој и три недели подоцна сѐ уште има висока температура. Ова беше едно лудо возење за двајцата. Јас имам астма цел живот и нема да лажам, бев многу, многу уплашена“, вели Пинк и додаде:
„Во почетокот цело време слушавме ‘ако си млад нема ништо да ти биде, деца се добро, ова ги погодува постарите од 65 години‘. Но, Џејмсон беше многу, многу болен, имаше подеми и падови, а јас првпат во 30 години морав да користам апаратче за дишење. Никогаш не сум се молела повеќе во животот“, вели Пинк.
Таа кажа дека во меѓувреме повторно се тестирала и дека веќе го нема вирусот.