Театар Комедија почна со пробите за претставата „Демнејќи го Годо“ од авторот Драго Јанчар, лауреат на годинaшниот Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан. Режијата е на Сибел Абдиу.
Од Театарот велат дека вчера на првата проба присуствувалe и Јанчар и словенечкиот амбасадор во земјава, Грегор Прескер. Премиерата се планира за ноември.
Претставата ќе биде реализирана во копродукција со Турски театар од Скопје и ова е прва соработка помеѓу двете театарски куќи.
Сценографијата е на Љуљзим Бејтула, а костимите на Ивана Каранфиловска-Угуровска. Играат Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет.
(Фото: Театар Комедија)