Тијана Дапчевиќ ја игра една од главните улоги во мјузиклот „Веселите девојки“, кој ќе гостува во Скопје на 23 март во Филхармонијата. Заедно со Дапчевиќ, во мјузиклот играат и Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.
Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл и е во режија на Раде Вукотиќ. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството кои повторно се собираат на моминска вечер, пред свадбата на ќерката на една од нив. Актерките во мјузиклот пеат познати поп и рок песни од регионот, а музички соработник на новите верзии е Васил Хаџиманов.
„Во оваа претстава се случува интеракција со публиката и тоа е она што ја прави забавна, и за нас и за нив. Мозокот на оваа ‘операција’ е Раде Вукотиќ, кој нѐ собра пред три години и тој води евиденција колку пати сме го играле мјузиклот досега, но мислам дека е повеќе од 70 пати“, изјави Тијана Дапчевиќ.
Организатор на македонската претстава е продукцијата „Прагма“.