Бракот на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип е најдолг во британската монархија, надминувајќи 73 години. Филип, познат и како војвода од Единбург, почина денеска на 99 години во нивниот дом, замокот Виндзор.
Елизабета и Филип се запознале во Англија: таа имала 13, тој 18 години. Идната кралица и нејзината сестра Маргарет биле во посета на поранешниот колеџ на нивниот татко, кралот Џорџ Петти. Филип ѝ бил претставен на Елизабета како нејзин трет братучед, принцот Филип од Грција и Данска. Британските историчари пренесуваат дека Филип ѝ бил прва и единствена љубов на Елизабета.
На кратко се разделиле за време на Втората светска војна. Филип ја побарал за жена во 1946, а се венчале следната година на церемонија која преку радио била пренесувана до 200 милиони слушатели.
Двојката доби две деца, пред Елизабета, која Филип нагалено ја викал Лилибет, да стане кралица на 25 години. Во текот на заедничкиот живот, имаа четири деца, осум внуци и шест правнуци. Филип се повлече од кралските должности во 2017 на 96 години.
Британските благородници не откриваат интимни детали, но кралицата во едно интервју од 1997 кажа:
„Филип, едноставно, е мојата сила и поддршка сиве овие години. Јас и целото негово семејство, како и многу други земји, му должиме повеќе одошто некогаш ќе признае или знае“.
„Најважната лекција што ја научивме е дека толеранцијата е главна состојка на среќен брак. Знам по себе, кралицата има толеранција во изобилство“, рече тогаш Филип.