„Амазон“ почнува нова битка во глобалната војна со „Нетфликс“ за пазарот со стримањето и во неа ги вклучува оскаровката Џулија Робертс и потомците на руските цареви.
Лидерот во онлајн купувањето годинава ќе инвестира 4,5 милијарди долари во својот стриминг сервис „Амазон прајм видео“. Бројката се очекува да расте, како што „Амазон“ се обидува да ја достигне сумата од речиси осум милијарди долари, што ги инвестираше пионерот во оваа индустрија, „Нетфликс“.
Во стратегијата на „Амазон“ фокусирана на Европа е влезена и серијата „Романови“, подготвена од креаторот на „Момците од Менхетн“, Метју Вајнер, антологија за луѓе кои мислат дека се потомци на последниот руски цар.
Тука се и психолошкиот трилер од 10 епизоди со Џулија Робертс „Добри знаци“, серијата за шпанското фудбалско првенство насловена „Шест соништа“, како и шест оригинални германски серии.