Контроверзниот рок музичар Мерилин Менсон, самопрогласена „антихрист суперѕвезда“, ќе се појави во претстојната серија „Новиот папа“, објави Ејч-Би-О.

„Светиот Отец! Шерон Стоун и Мерилин Менсон ќе бидат специјални гости во ‘Новиот папа’“, твитна ТВ-мрежата.

Таа е продолжение на серијата „Младиот папа“ со Џуд Ло, кој играше млад американски папа кој ја радикализира католичката црква. Серијата важеше за необичен проект, а се очекува дејството да стане уште почудно со појавувањето на Менсон, кој во својата автобиографија се прокламираше за свештеник во Црквата на Сатаната.

Ејч-Би-О сѐ уште нема објавено датум од кога ќе игра серијата.