МЕРЦЕДЕС И ФЕРАРИ СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО СЕРИЈАТА НА „НЕТФЛИКС“ ЗА ФОРМУЛА 1

Лондон, (Ројтерс)

Светските шампиони во Формула 1, Мерцедес и Ферари, се согласија да бидат дел од втората сезона на документарната серија на „Нетфликс“, „Вози за да преживееш“ (Drive to Survive), што ќе се емитува в година.

Првиот дел од десет епизоди беше снимен во 2018, а излезе годинава и главно се фокусираше на тимовите од втората половина на Светското првенство во Формула 1, со оглед на тоа што Мерцедес и Ферари одбија да учествуваат.

Серијата која даде увид во позадината на овој спорт беше одлично прифатена од фановите и спонзорите.

Мерцедес и Ферари се најголемите ривали на Ф-1 патеките и оваа сезона, но доминира германскиот тим со девет победи на досегашните 10 трки.