Популарната серија „Луди 70-ти“, која се емитуваше од 1998 до 2006, ќе добие продолжение по нарачка на „Нетфликс“, насловено „Луди 90-ти“.
Куртвуд Смит и Дебра Џо Рап, кои ги играа родителите Ред и Кити Форман во оригиналната серија, ќе се вратат и во продолжението од 10 епизоди.
Во новата серија, дејството се случува во 1995, кога Леја Форман доаѓа во посета на нејзините баба и дедо за време на летниот распуст, при што запознава нови пријатели.
Креаторите на серијата, Бони и Тери Тарнер, повторно ќе го пишуваат сценариото, заедно со нивната ќерка Линдзи.
„Луди 70-ти“ се емитуваше на „Фокс“ и се снимија осум сезони и 200 епизоди. Шоуто беше отскочна даска за актерите Тофер Грејс, Лора Препон, Мила Кунис, Ештон Кучер и Дени Мастерсон.