„НЕТФЛИКС“ НАЈАВИ УШТЕ ДВЕ СЕЗОНИ ОД ХИТ СЕРИЈАТА „БРИЏЕРТОН“

Лондон, (Би-Би-Си)

„Нетфликс“ соопшти дека ќе се снимаат и трета и четврта сезона од историската драма „Бриџертон“. Оваа објава следи иако снимањето на втората сезона сѐ уште не е завршено.

Стриминг гигантот неодамна соопшти дека во првиот месец од излегувањето „Бриџертон“ била гледана во рекордни 82 милиони домаќинства и е негова најуспешна серија. „Бриџертон“ е заснована на серија романтични романи на Џулија Квин.

„Нетфликс“ неодамна потврди дека ликот на Реге-Жан Пејџ, една од ѕвездите на серијата, нема да биде дел од втората сезона.