Филмот од 1994 година „Малите жени“ со Винона Рајдер, Кристијан Бејл, Сузан Сарандон и Кирстен Данст наскоро ќе добие римејк како мини-серија.

Проектот според класикот на американската писателка Луиза Меј Алкот ќе го работи режисерката и сценаристка на „Леди Бирд“, Грета Гервиг, а ќе глумат самата Леди Бирд, односно Сурша Ронан, Мерил Стрип, Ема Стоун и Тимоти Шаламеj.

Сцена од филмот „Малите жени“ од 1994 година

Според „Вараети“, Гервиг била првично ангажирана да го напише сценариото, но по успехот на „Леди Бирд“, кој доби пет номинации за Оскар, во „Сони“ одлучиле таа да биде и режисерка.

„Со многубројните сложени женски ликови во неговата содржина, се чини дека ’Малите жени’ е совршен избор за Гервиг, чиј деби филм ’Леди Бирд’ испитуваше како е да се порасне во мал град во САД, во судир со родителите и да се има неуспешни врски со локални момчиња“, пишува „Вараети“.