УМЕТНИКОТ ЗОРАН АРСОВСКИ ОТВОРА ИЗЛОЖБА ВО КРИВА ПАЛАНКА НА 20 ЈУНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (20 јуни) во 19:30 часот, во Центарот за култура во Крива Паланка ќе се отвори изложба на слики на уметникот Зоран Арсовски-Бабата со наслов „Нови хоризонти”. Ова е 16. самостојна изложба на Арсовски, кој дипломирал во 2005 на Националната ликовна Aкадемија во Софија.

Има учествувано на повеќе меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство. Работи во Центарот за култура во Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.