ВЕЛИГДЕН И ЃУРЃОВДЕН НИЗ РАСКОШОТ НА „ТАНЕЦ“, ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРАЗНИЧНИОТ КОНЦЕРТ НА НАЦИОНАЛНИОТ АНСАМБЛ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

„Велигден е, Ѓурѓовден е“ беше насловен Велигденскиот концерт на Ансамблот на народни песни и ора „Танец“ кој се одржа синоќа (19 април) во Национална опера и балет (НОБ).

На мултимедијалниот концерт настапи целиот ансамбл – хорот, оркестарот, солистите и играорците.

Фото: К. Попов

„Овој Велигденски концерт на Танец е посебен, бидејќи ретко се случува Велигден да е ‘рака под рака“ со Ѓурѓовден. Двоен празник, двојна радост и двојна среќа за нас. Ретка можност да ве пренесеме во раскошот на традиционалните празнувања на најубавиот период од годината – пролетта. Заедно духовно ќе се будиме со природата, ќе осамнеме со сонцето, ќе процветаме со мирисите на цветните ливади, но и ќе се исчистиме од гревовите и ќе си простиме. Ќе плетеме венци од ора и песни за љубов, берикет и здравје, а на крајот, заедно ќе го крунисаме животот со свадба. Нека ни се честити Велигден и Ѓурѓовден!“, рекоа од „Танец“.

Фото: К. Попов

 

Беа емитувани и тематски видеоинтермеца на етномузикологот Бранка Костиќ-Марковиќ, за чија изработка се користени материјали од архивите на МРТ, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Музеј на Македонија.

Фото: К. Попов

Оваа година „Танец“ слави 75 години од основањето.

Фото: К. Попов

 

Фото: К. Попов
Фото: К. Попов

Фото: К. Попов