ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ НА ОТВОРЕНО ВО ОХРИД НА 10 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Владо Јаневски ќе одржи концрет во Охрид, во Античкиот театар на 10 август, објави продукцијата „Прагма“.

Од ноември мнатата година, до јануари годинава, Јаневски распродаде пет концерти во Филхармонијата. Серијалот концерти беше наречен „Златни години – најдоброто од Владо Јаневски”.

„Ми пренесоа дека на социјалните мрежи имам порака од едни луѓе кои по 50 години се нашле еден со друг и песната ‘Љуби, љуби’ е нивната омилена и најдобро им ја раскажува љубовната приказна. Рекоа дека ќе дојдат на првиот концерт“, кажа Владо Јаневски во ноември лани во Скопје и ги поздрави Зоран и Даниела во публиката со нивната песна.

Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежатра на kupikarta.com