ЖЕНСКИ ЅВЕЗДИ ДОМИНИРААТ ВО КАНСКОТО ЖИРИ

Кан, (АФП)

Холивудските актерки Кејт Бланшет, Кристин Стјуарт и Леа Сејду се дел од жирито главно составено од жени, за Канскиот филмски фестивал кој ќе се одржи од 8 до 19 мај, објави организаторот.

Американската писателка и режисерка Ејва ДуВернеј и пејачката и композиторка Каџа Нин од Бурунди ја комплетираат женската петорка во жирито од девет лица кои ќе одлучуваат за највисоката награда Златна палма.

Кинескиот актер Чанг Чен, канадскиот режисер Денис Вилнев и францускиот писател Роберт Гудигијан го сочинуваат останатиот дел од жирито, заедно со големиот руски режисер Андреј Звјагинцев.

Во година кога движењето  #МеТоо доминираше во јавноста, со само три женски имиња меѓу 18-те режисери, организаторите јасно ја почувствуваа потребата да направат поголем гест кон жените.

Тие веќе претходно објавија дека двојната оскаровка Кејт Бланшет ќе биде претседателка на жирито.