Оружје на ликот на Харисон Форд од филмот „Војна на ѕвездите: Епизода 4 – враќање на Џедајот“ се продаде на аукција во Њујорк за повеќе од половина милион долари.
Станува збор за еден вид пиштол, направен главно од дрво, кој во изминатите 30 години беше во сопственост на сценографот на филмот Џејмс Шоп, кој за својата работа беше номиниран за Оскар во 1984 година.
Оружјето на Хан Соло достигна цена од 550.000 долари, сто илјади повеќе од светлосниот меч, што Марк Хамил го користеше во првите два филма од франшизата.
Шоп стави повеќе од 40 предмети на аукција, при што еден пиштол беше продаден за 90.624 долари.
Рекордот за најскап реквизит од „Војна на ѕвездите“ го држи дроидот Р2-Д2, кој минатата година се продаде во Лос Анџелес за 2,76 милиони долари.