Заштитниот знак на основачот на „Плејбој“ Хју Хефнер, црните свилени пижами и црвениот пењоар, ќе се продаваат на аукција, заедно со голем број други негови лични предмети и целиот комплет на списанијата за возрасни.
Се очекува пижамите да се продадат за 2.000, а палтото за 5.000 долари.
Аукциската куќа „Џулиен“ соопшти дека ќе се продаваат и белата морнарска капа на Хефнер, специјално направена игра „Монопол“ со модели на Плејбој зајачици, неговите манжетни со логото на „Плејбој“, како и неговата Библија.
Хефнер, кој изврши големо влијание врз сексуалната револуција во 60-ите години на минатиот век со неговите списание и ноќни клубови, почина лани на 91 година. Тој го остави своето наследство на неговата фондација, која ги стави предметите на продажба.
На аукцијата на 30 ноември-1 декември во Лос Анџелес ќе се продаваат и едно од неговите препознатливи лулиња (се очекува да се продаде за сума од 2.000 до 3.000 долари), личниот примерок од првото издание на „Плејбој“ со Мерилин Монро на насловната страница (3.000-5.000 долари) и комплет од 48 изданија на списанието (20.000-30.000 долари).