„Колдплеј“ изненадувачки издаде нова песна, и тоа под ново име на групата. Станува збор за соработка со Фарел Вилијамс, за потребите на која беше создаден и сосема нов проект, под името „Лос Унидадес“.
Издавачката куќа „Парлофон“ претходно објави твит во кој најави дека ќе потпише со ново име и фановите веднаш се посомневаа дека тоа всушност е „Колдплеј“, бидејќи фигурите на објавената замаглена слика личеа на членовите на популарниот британски бенд.
„Колдплеј“ дополнително потврди дека песната „E-Lo“ на „Лос Унидадес“ ќе биде дел од новиот миниалбум на Глобал ситизенс, организација која има поставено цел да ја искорени екстремната сиромаштија до 2030 година.
На истиот албум песни ќе имаат и Стормзи и Дејвид Гета.