„Рокетмен“ и „Годзила 2: кралот на ѕверовите“ се два нови филма кои од денеска играат во скопските кина Синеплекс и Милениум.
„Рокетмен“ е епска музичка фантазија за неверојатната животна приказна за Елтон Џон, следејќи ја неговата трансформација од срамежлив пијанист во светска ѕвезда. Во режија на Декстер Флечер и со Тарон Еџертон во главната улога, филмот зборува за тоа како едно момче од мало гратче станува икона на поп културата. Во филмот ги има некои од најпознатите песни на Елтон Џон во изведба на Еџертон.
Новата приказна за Годзила на режисерот Мајкл Доерти ги следи херојските потфати на криптолошката агенција Монарх, чии членови се соочуваат со огромни чудовишта, вклучувајќи ја и моќната Годзила, која првпат се појави во 1954 година.