Вечерва од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата по седми пат ќе се одржи концертот на млади виолинисти, „Виолин фест“. Проектот го организира Владимир Костов, концерт-мајстор на Филхармонијата, со поддршка од Министерството за култура.
На концертот ќе настапат 11 млади виолинисти од Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова.
„Несекојдневниот концерт има за цел да овозможи младите виолинисти да музицираат надвор од своите училишта и да уживаат во она што го постигнале со досегашната работа“, вели Костов.
Влезот е слободен.