ОСМИОТ „СПАЈДЕРМЕН“ ИГРА ВО МИЛЕНИУМ И СИНЕПЛЕКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Осмиот филм за Спајдермен и последен од франшизата „Одмаздници“, „Спајдермен: Далеку од дома“, од денеска игра во скопските кина Синеплекс и Милениум. Во главни улоги се Том Холанд, Џејк Џиленхал и Семјуел Л. Џексон.

„Далеку од дома“ е продолжение на „Враќање дома“, се случува „неколку минути“ по дејството во „Одмаздници: завршница“ и во него, Питер Паркер ќе се соочи со својот долгогодишен непријател Мистерио (Џејк Џиленхал), што е негово прво појавување во Филмскиот универзум на Марвел.

„По големата битка со Одмаздниците, на Питер му е потребно малку време за себе, па им се придружува на своите најдобри пријатели на летниот одмор во Европа. Но, планот на Питер за мирен одмор бргу ќе пропадне, кога ќе разбере за нападот на мистериозни суштества, кои прават хаос по целиот континент“, се вели во најавата на филмот.

Премиерата во САД беше на 26 јуни, а досега на светско ниво заработи 163 милиони долари.