„РАМБО 5“ И „КРИС ШВАЈЦАРЕЦОТ“ ОД ДЕНЕСKA ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Петтиот дел од култниот акциски серијал за виетнамскиот ветеран Џон Рамбо, „Рамбо: До последен здив“, со Силвестер Сталоне во главната улога, од денеска игра во скопските кина Милениум и Синеплекс.

„По многуте потресни настани во својот живот, Рамбо се повлекува на село во изолација. Во новото продолжение, во режија на Адријан Грунберг, тој се соочува со припадници на мексиканскиот картел кои се осмелиле да ја киднапираат ќерка му“, се вели во најавата на филмот.

Сцена од документарно-анимираниот филм „Крис Швајцарецот“

Во Милениум и во Кинотеката од денеска игра и швајцарскиот документарно-анимиран филм „Крис Швајцарецот“ на швајцарската режисерка Ања Кофмел, работен во копродукција со Хрватска. Филмот продолжува да игра и во Битола, Гостивар, Неготино и во други градови низ државата, во дистрибуција на „Катавеј“.