Теренецот на „Мазда“, „CX-30“, доби рекордно висока оценка на најновото тестирање на безбедноста на автомобилите на НЦАП, на кое што максимални пет ѕвезди добија само уште „мерцедес ГЛБ“ и „форд експлорер“.
„CX-30“ оствари рекорден резултат од 99% во заштитата на возрасни патници, а максимални поени доби и за тестовите на страничен удар и за симулацијата кога автомобил излетува од пат и странично удира во дрво.
„Резултатите на ‘CX-30‘ се навистина импресивни. Во случај на несреќа, има многу малку места на кои што би биле посигурни од предните седишта на ‘мазда CX-30‘“, вели Метју Ејвери од компанијата која ги спроведе тестирањата.
Исто така, „CX-30“ доби оценка од 86% во категоријата заштита на деца.
Почнувајќи од 2014 година, секој тестиран модел на „Мерцедес-Бенц“ добиваше максимални пет ѕвезди.