ЕМИНЕМ БЕЗ НАЈАВА ОБЈАВИ НОВ АЛБУМ

Њујорк, (АП)

Еминем уште еднаш изненадувачки објави нов албум, придружен со спот во кој повикува на промени во законите за оружје.

Music To Be Murdered By“ е 11. студиски албум на американскиот рапер и излезе година и пол по „Камиказа“, кој исто така беше објавен без претходна најава. Еминем овојпат се огласи на полноќ на Твитер.

Во спотот за песната „Темнина“, една од 20-те на новиот албум, е прикажано пукање на концерт, што алудира на масакрот на кантри фестивалот во Лас Вегас во 2017 година, кога беа убиени 58 луѓе.

„Кога ќе заврши сето ова? Кога на доволно луѓе ќе им биде гајле“, вели Еминем на крајот на спотот и ги повика Американците да гласаат.

Меѓу музичарите кои гостуваат на албумот се Ед Ширан и младиот рапер Џус ВРЛД, кој почина во декември.