Втор ден по ред, во Македонија има повеќе од 100 новозаразени со коронавирусот, при што денешната бројка од 120 случаи е рекордна од почетокот на епидемијата.
- Две лица на возраст од 65 и 69 години починаа од последиците на коронавирусот.
- Трагичниот биланс со тоа порасна на 147 мртви.
- Во изминатите 24 часа се потврдени нови 120 случаи на коронавирус (од 953 тестирања), 19 повеќе од вчера.
- Ова е најголемата дневна бројка новозаразени од почетокот на кризата, а досегашниот рекорд беше 107 на 16 април.
- Повеќе од половина од новите случаи се во Скопје – 67, па следуваат Куманово со 19 и Штип со 16.
- Вкупната бројка заразени досега изнесува 2.611, од што 843 се активни случаи, а оздравеле 1.621 лице.
- Поради наглото ширење на заразата, во Македонија вечерва повторно стапува на сила општа забрана за движење.