ЗОРАН ПОПОСКИ НА МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот уметник Зоран Попоски учествува на меѓународната изложба Перспективи 2021 во Музејот КИКА во Гимпо, Јужна Кореја. Изложбата се отвори вчера, а ќе трае до 17 јануари.

На изложбата се застапени педесет уметници од САД, Франција, Канада, Бразил, Кина, Кореја, Јапонија, Британија, Германија, Грција, Венецуела, Италија.

„Изложбата во Кореја е јубилејна за мене, бидејќи е 100-та изложба на моите дела. Во моментов мои дела се застапени уште во две тековни изложби во САД и Италија. Последната изложба во Македонија ја имав пред четири години. Се надевам дека наскоро македонската публика повторно ќе има можност да ги погледне моите дела“, изјави Попоски.

Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.