Стихозбирката „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“ од Александра Спасеска ќе биде промовирана в петок во 19 часот на Саемот на книгата (4-10 мај) во арената „Борис Трајковски“. Издавач е „ПНВ Публикации“.
Првата стихозбирка на Спасеска содржи шеесетина песни поделени во три циклуси, „Писма до неа“, „Песни за неговата песна“ и „Земање збогум“, како и поговор од Снежана Стојчевска. Книгата низ разговор со авторката ќе ја промовира Јулијана Величковска.
Спасеска (1984) дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност при УКИМ. Работела во дневниот весник „Вест“ речиси до неговото згаснување, а сега е заменичка на главниот уредник во „Кајгана медиа“. Пишува за феминистичката платформа „Медуза“ и авторка е на блогот „Александрина везилка“.
(Фото: Е. Богоева)