КУМАНОВСКАТА ПРЕТСТАВА „СОЅВЕЗДИЈА“ НА ВИТОШЕВИЌ НА 8 НОЕМВРИ ГОСТУВА ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кумановскиот театар на 8 ноември (20 часот) во скопски Драмски театар ќе ја изведе претставата „Соѕвездија“ на режисерката Нела Витошевиќ, по текст на Ник Пејн. Од Драмски велат дека гостувањето се реализира во рамките на соработката на театрите, со цел публиката да се запознае со продукциите на повеќе национални театри.

Играат Александра Пешевска, Мирослав Петковиќ, Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски и Давид Илиќ. Асистентка на режија е Драгана Гунин, сценограф е Васил Христов, композитор е Огнен Анастасовски, а костимографка е Розе Трајческа.

Премиерата на претставата „Соѕвездија“ беше во септември 2021 и годинава учествуваше на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица.