„ДЈУРАН ДЈУРАН“ ЌЕ НАСТАПИ НА ТАЈМС СКВЕР ЗА НОВА ГОДИНА

Њујорк, (Пипл)

„Дјуран дјуран“, „Њу едишн“ и Џеј Хоуп од „Би-Ти-Ес“ ќе настапат на њујоршки Тајмс Сквер на новогодишната ноќ, објави „Пипл“.

„Дјуран Дјуран“ ќе ја заврши годината во која што беше примен во Рокенрол куќата на славните со мешавина од свои класици непосредно пред полноќ. Од формирањето во 1978, бендот сними 15 студиски албуми. Ѕвездата од „Би-Ти-Ес“, Џеј Хоуп, ќе настапи на другата сцена.

Новогодишната ноќ на Тајмс Сквер не е само њујоршка традиција, туку и глобален феномен, на кој се собираат до 10.000 луѓе. Многумина доаѓаат и за да добијат шанса да бидат прикажани на телевизија во живо.

(Фото: Гети)