Драган Мијалковски ќе одржи концерт во Скопје, на 2 април во Националната опера и балет, објави радио „Буба мара“ организаторот на настанот. Легендарниот поп-пејач на концертот ќе слави 60 години музичка кариера.
Минатиот месец, тој на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ доби награда за трајни музички вредности, настапи со ревиски оркестар и најави дека наскоро ќе одржи концерт.
Во организација на радио „Буба мара“ и неговиот сопственик Ранко Петровиќ, Мијалковски изминативе месеци имаше неколку настапи на отворено, во Охрид, Крушево и Скопје. По концертот во Охрид на 1 јануари, Петровиќ ни рече дека Мијалковски напишал повеќе нови песни, а дел од нив се веќе снимени и наскоро ќе се промовираат.
Драган Мијалковски настапи на „Златна бубамара на популарноста“ со хармоникашот Горан Алачки (Фото: К. Попов)