ИНСПИРИРАН ОД ЈАМАЈКА, РАЛФ ЛОРЕН ГИ СОБУ БОСИ МАНЕКЕНКИТЕ

Њујорк, (Харперс базар)

Инспириран од своето одморалиште во Монтего Беј на Јамајка, креаторот Ралф Лорен ја претстави колекцијата пролет 2018 година, со боси манекенки и со фустани без прерамки.

На модната недела во Њујорк, првите шест модели се појавија на пистата без каква било обувка на нозете, наместо на високи потпетици, претставувајќи лежерна, летна, островска атмосфера.

Од сини и бели дизајни, па до модели во жолта и зелена боја, новата колекција на Лорен беше комбинација на вибрациите на плажата, заедно со веќе препознатливиот негов стил (Фото: Гети)

Во продолжението на ревијата, манекенките носеа сандали, чевли со потпетици и еспадрили, подготвени за одмор.

Од сини и бели дизајни, па до модели во жолта и зелена боја, како знамето на Јамајка, колекцијата на Лорен беше комбинација на вибрациите на плажата, заедно со веќе препознатливиот стил на светски познатиот кратор.

Самата ревија наликуваше на миниверзија на албум од неговата вила на Јамајка.

„Секој сака волшебно место каде што може да излезе од времето и во убавината на природата. Сакав да ги споделам расположението, светлината, сината и белата свежина на моето уживање на Јамајка”, изјави Лорен.