Костимите, сувенирите и други предмети во сопственост на актерката За За Габор, која почина на 99 години во декември 2016 година, се продадoа на аукција за повеќе од 900.000 долари.
Аукцијата за наследство објави дека портретот на актерката изработен од Маргарет Кин бил продаден за 45.000 долари, со што стана најскапо продаден предмет на аукцијата во саботата. Севкупно, аукцијата, која се одржа онлајн и во поранешиот дом на актерката, заработи 909.209 долари.
Златниот ѓердан со дијамант беше продаден за 20.000 долари.
Големото пијано „стенвеј“, кое се користеше за филмот за Либераче, „Зад канделабрата“, се продаде за речиси 24.000 долари.
Меѓу стотиците продадени предмети биле белешки, костими, фотографии на Габор со ѕвезди како Џони Карсон, Клорис Ликман и со Роналд и Ненси Реган.