НОВА ПЕСНА НА КАНТАВТОРОТ ЏОН АЈДИ, СНИМЕНА СО АМЕРИКАНСКИ МУЗИЧАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кантавторот Јон Ајди вчера (21 август) во Скопје го промовираше новиот сингл „Не го крши“ (Don’t Break It). Ајди настапи со бенд во живо, а беше прикажан и видеоспотот за оваа песна.

На промоцијата, музичарот кажа дека потпишал договор со американската издавачка куќа „Нвак колектив“.
„Песната зборува за токсична врска низ која поминав“, рече Ајди.
Видеото го режираше на Ени Вучидолова, а директори на фотографија се Роберт Божиновски и Ени Вучидолова. Го продуцираше „Ту бај фор“.

Ајди додаде дека песната настанала во Кочани, во соработка со продуцентот Јордан Манов, а подоцна е довршена со музичарот Армен Пол во Њујорк, и ирскиот продуцент кој живее во Лос Анџелес, Леви Еванс.
Новата песна е прва од неколкуте нови изданија што ќе се објават во партнерство „Нвак колектив“, издавачка куќа од новата генерација, со преку 3 милијарди глобални стримови и хитови.