„ЛЕГО“ СОЗДАДЕ РЕПЛИКА НА МУНДИЈАЛСКИОТ ТРОФЕЈ ОД НАД 1,3 МИЛИОНИ КОЦКИ

САД, (Дезин)

„Лего“ создаде огромна реплика на трофејот на Светското фудбалско првенство, која е изложена пред центарот „Рокфелер“ во Њујорк. Таа е изградена од повеќе од еден милион коцки.

Моделот со размер 25:1 е зголемена верзија на комерцијално достапниот трофеј со размер 1:1, што „Лего“ го претстави пред годинашното првенство. Структурата е обвиткана околу челична рамка и беше транспортирана на локацијата во 16 големи делови.

Моделот е висок 8,4 метри

„Најголемите предизвици ни беа органската форма и различните текстури на оригиналниот трофеј. Моравме креативно да ги користиме коцките за да се истакнуваат сите кривини и мали детали. Исто така, вложивме многу енергија за да го направиме трофејот со размер 1:1 суперцврст за да им овозможиме на децата да слават и да го креваат заедно со своите омилени играчи“, изјави главниот дизајнер на „Лего“, Кристоф Виети.

Тој додаде дека моделот е висок 8,4 метри и составен од над 1.360.000 коцки.

„Ова е најголемиот мобилен модел што некогаш сме го направиле“, кажа Виети.