„БЕБЕ“, НОВА ПЕСНА НА КАЛИОПИ ПРЕД КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Бебе“ е новиот сингл на Калиопи, кој е промовиран заедно со видеоспот.

Музиката, аранжманот и продукцијата се на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил, а текстот го напиша Калиопи. Новата песна е достапна на дигиталните музички платформи.

Спотот за „Бебе“ е во режија на Александар Ристовски-Принц, а објавен е и на официјалниот канал на Калиопи на Јутјуб.

Новата песна доаѓа во пресрет на концертот на Калиопи во Скопје, закажан за 17 октомври во „Т Арена“.

Калиопи двапати ја претставуваше Македонија на Евровизија, во 2012 во Баку со „Црно и бело“ и во 2016 во Стокхолм со „Дона“. И двете песни се во соработка со Ромео Грил.