АКТЕРИТЕ ОД „ПРИЈАТЕЛИ“ ОДБИЈА ДА УЧЕСТВУВААТ ВО НОВИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА МЕТЈУ ПЕРИ, СЀ УШТЕ ТАГУВААТ ПО НЕГО

САД, (Пипл)

Актерите од популарната серија „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер, одбиле да учествуваат во новиот документарец за нивниот покоен колега Метју Пери, кој почина на 28 октомври 2023 на 54 години.

Режисерката Мери Робертсон вели дека ги поканила сите петмина актери да зборуваат за Пери, но тие одлучиле да не учествуваат бидејќи сè уште тагуваат по својот пријател.

Документарецот „The One About Matthew Perry“, кој почна да се прикажува на „Нетфликс“ на 27 октомври, се осврнува на животот и кариерата на актерот, неговата борба со зависностите и на околностите на неговата смрт. Еден од најемотивните моменти во документарецот е изјавата на неговата сестра Мија, која се присети на погребот на Пери. Таа раскажа дека петтемина актери од „Пријатели“ заедно му пришле на ковчегот, држејќи се за раце и плачејќи.

Метју Пери се прослави со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, која се емитуваше од 1994 до 2004 година. Тој беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Како причина за смртта беше утврдено акутното дејство на кетамин.

(Фото: Гети)