РИЧАРД БРЕНСОН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЛЕТ ВО ВСЕЛЕНАТА

Лондон, (Би-Би-Си)

Британскиот милијардер Ричард Бренсон откри дека се подготвува за своето прво патување во вселената, и тоа како астронаут.

„Ние збориме за нешто што ќе се случи во наредните месеци, не години. Пред нас се возбудливи времиња. Одам на тренинзи за астронаут, што опфаќа физички подготовки, центрифуга и други вежби. Се надевам дека моето тело добро ќе реагира кога ќе бидам горе“, кажа сер Бренсон.

Шеесет и седумгодишниот Бренсон инвестира во комерцијални летови во вселената од 2004 година, кога ја основа компанијата „Вирџин галактик“. Негови најголеми конкуренти во областа на вселенскиот туризам се Илон Маск и најбогатиот човек на светот Џеф Безос.

„Илон прави фантастична работа со своите сѐ поголеми и поголеми товарни ракети, но мислам дека вистинската комерцијална вселенска трка се одвива помеѓу мене и Безос. Мислам дека сме израмнети кој прв ќе однесе луѓе во вселената. Сепак, тоа мора да го направиме безбедно“, вели Бренсон.

Тој верува дека ќе биде еден од првите туристи во вселената, па затоа сега игра тенис четири пати на ден, вози велосипед и оди на жестоки тренинзи во центрифуга, во којашто се постигнува притисок на кој телото е изложено во текот на вселенскиот лет.