Многу филмски фанови ја игнорираат потребата да одат во тоалет додека се во кино, од страв да не пропуштат некоја важна сцена.
Новата апликација за ајфон и за андроид телефони може да им помогне кога е „безбедно“ да одат на пауза за време на кино-проекција.
„РанПи“ има база на податоци за неинтересните или здодевните сцени за последните филмови кои беа премиерно пуштени во киносалите, како и за нивната должина и ги информира луѓето кога тие следуваат за да можат да излезат од салата.
По враќањето во салата, апликацијата нуди синопсис за сцената што сте ја пропуштиле.
Ако не сакате да им пречите на останатите посетители, сигналот на апликацијата за пауза можете да го ставите на вибрации. Апликацијата е бесплатна за симнување и се финансира од реклами.