ФЕЈСБУК ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИ НА КОРИСНИЦИТЕ ВЛЕЗ ВО ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Фејсбук креира тридимензионална средина наречена Хорајзон, со цел да ги привлече своите корисници во виртуелната реалност.

Оваа апликација ќе биде мешавина од друштвени места каде што корисниците ќе можат да се мешаат и разговараат и други области каде што ќе можат да играат видеоигри едни против други. Луѓето ќе го истражуваат овој свет преку анимиран аватар.

Апликацијата ќе почне да се тестира во почетокот на следната година.

„Секој што ќе го користи Хорајзон ќе може да повика на помош ‘човечки водич‘, кој ќе им помага да се снаоѓаат и запознаваат со виртуелната средина. Ќе има и алатки за интеракција со други корисници, како и за обликување на дел од средината по сопствени желби“, велат од Фејсбук.

Целиот простор ќе има изглед на анимиран филм.