ИНОВАЦИИТЕ КОИ СЕ ХИТ НА СВЕТСКИОТ КОНГРЕС НА МОБИЛНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО БАРСЕЛОНА

Барселона, (Мешабл)

Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона (МВЦ) се врати со иновации во мобилната телефонија какви што не се видени долго време. Два најжешки тренда се смартфони на преклопување и 5Г, кои мобилните телефони повторно ги прават возбудливи. Очекувано, најголем хит на Конгресот се „Самсунг“ и „Хуавеи“ со своите модели „галакси фолд“ и „мате екс“.

Ова се некои од најинтересните модели што можат да се најдат во Барселона:

„САМСУНГ ГАЛАКСИ С10“: Доаѓа во три опции, со поголеми и поостри екрани, поголеми батерии, побрзи перформанси, повеќе камери… Иако претставен неколку дена порано, сите очи се вперени во „галакси С10“.

„Опо 10х“ / „Нокиа 9 пјурвју“

„НОКИА 9 ПЈУРВЈУ“: И додека сите нови смартфони денес имаат три предни камери, овој модел ги надмина сите. Означен како најмоќен систем на камери на сите времиња, неговите пет камери заедно даваат 60 мегапиксели, со што се прават неверојатни, подетаљни фотографии.

„МАЈКРОСОФТ ХОЛОЛЕНС 2“: Иако МВЦ првенствено е наменет за смартфони, тоа не значи дека тие се единствените уреди тука. „ХолоЛенс 2“ е новиот уред за аугментативна реалност на „Мајкрософт“ и тој е поудобен, помоќен и има пошироко видно поле од првата генерација објавена во 2016.

„Мајкрософт“ ХолоЛенс 2“ има пошироко видно поле од првата генерација

„ХУАВЕИ МАТЕ ЕКС“: Како конкуренција на „галакси фолд“, тој има поголеми екрани, поубав изглед и побрза 5Г конекција и дава одличен увид во иднината на хибридните уреди, смартфон и таблет во исто време.

„ОПО 10х“: Кинескиот технолошки гигант воодушеви пред неколку години кога претстави систем на камери со оптички зум 5х, што сега го унапреди во 10x.

„САНДИСК 1ТБ“: Можеби нема да ви треба, но би сакале да ја имате. Освен што нуди досега невидена меморија од еден терабајт, оваа картица е и доста брза. Цена: 450 долари.

„ШАОМИ МИ МИКС 3 5Г“: „Галакси С10“ е лидер кога станува збор за 5Г технологијата, но Кинезите ја нудат по поприфатлива цена во својот смартфон од 680 долари.