КИНА КОРИСТИ ДРОНОВИ И РОБОТИ ВО БОРБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

Пекинг, (Дезин)

Кина користи дронови и роботи за дезинфекција на болници, транспорт на храна и за одржување на карантин како една од мерките во борбата против коронавирусот.

Кинеските државни медиуми пренесуваат дека уредите се користат за да се намали можноста од заразување преку директен контакт меѓу луѓето. Во руралните области, луѓето преку звучници од дронови се предупредуваат да не излегуваат надвор.

Робот носи храна на пациенти во болница (Фото: Индипендент)

Околу 780 милиони луѓе во Кина се наоѓаат во своевиден карантин, а Вухан, градот од каде што почна да се шири смртоносниот вирус, со недели е отсечен од светот.

Медиумите пишуваат дека се користат и дронови со термални камери за да може од висина да се детектираат лицата со покачена телесна температура.

Според последните информации, од КОВИД-19 досега починале 2.345 луѓе, а речиси 78.000 се заразени.