ЕВА ЛОНГОРИЈА ДОБИ ЅВЕЗДА НА БУЛЕВАРОТ НА СЛАВНИТЕ

Лос Анџелес, (АФП)

Популарната актерка од ТВ- серијата „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија, доби ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните, настан кој беше поздравен од латино заедницата.

„Важна е застапеноста. Секогаш кога латино уметник ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните, тоа е е уште една победа за целата заедница”, изјави за АФП, 43-годишната актерка која има мексиканско потекло.

Лонгорија ја доби ѕвездата во присуство на нејзиниот сопруг, поранешен ТВ водител, Хозе Бастон. Тие го очекуваат своето прво дете во мај.

На свеченоста присуствуваа и познати личности како Рики Мартин, Викторија Бекам и актерките Фелисити Хофман и Ана Фарис.

„Навистина е важно за мене да бидам тука, за луѓето да дојдат и да ја видат ѕвездата и да знаат дека можете многу да постигнат со напорна работа”, рече Лонгорија.