АМАЛ КЛУНИ ЈА ПОЗАЈМИ ВЕНЧАНИЦАТА НА МУЗЕЈ ВО САД ВО ЧЕСТ НА ОСКАР ДЕ ЛА РЕНТА

Хјустон (Харперс базар)

Венчаницата на Амал Клуни , сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни е во фокусот на изложбата „Гламурот и романтизмот на Оскар де ла Рента“ во Музејот на современа уметност во Хјустон, САД.

На изложбата се прикажани некои од најпознатите дела на светски признатиот креатор, како парчиња од секојдневна облека, па се до креации на повеќе први дами и модни икони.

Поставката нуди можност да се видат влијанијата на Шпанија, Русија, Кина и на Јапонија врз творештвото на омилениот дизајнер на повеќе први дами и холивудски ѕвезди

Изложени се 70 креации, создадени во периодот од 60 -тите години на минатиот век, се до неговата смрт во 2014 година. Некои од парчињата се од колекцијата на Музејот, некои се од колецииите на неговата сопруга, Анет, а голем дел се позајмени од неговите клиенти, холивудските ѕвезди, меѓу кои од Бијонсе.

„Оваа презентација е совршен начин да се потсетиме на легендарниот креатор, кој почина на 82 години. Поставката содржи и скици, изданија посветени на неговата работа, како и негови фотографии“, велат од Музејот.

Француската модна легенда Андре Леон Тели, кој е куратор на изложбата, изјавил дека уште лани побарале од Амал Клуни да им го позајми невестинскиот фустан за ретроспективна изложба во Сан Франциско, но таа ги одбила со образложение дека „ и е премногу брзо по венчавката, за јавно да го изложи фустанот на изложба“.