Архитектонското студио МАД од Пекинг дизајнираше театар за кинескиот град Иу, кој ќе биде опкружен со вода, a на врвот ќе има стаклени едра за да наликува на брод кој плови.
Планиран да се гради на остров на јужниот брег на реката Донгјанг, комплексот ќе се состои од два театарски објекта, конференциски простор и од голем плоштад.
„Со планините во далечина како позадина и со водата како основа, дизајнот одговора на средината и потсетува на брод кој плови по реката“, велат архитектите.
Трите сали, со по 1.600 и 1.200 седишта, како и конференциската, ќе имаат ѕидови од полупроѕирно стакло. Архитектите велат дека со стаклените едра на врвот сакале тој да потсетува на традиционален кинески брод од 2. век.
Театарот ќе почне да се гради следната година.