БРИТАНСКА ДИЗАЈНЕРКА ВМЕТНА ТВИТОВИ НА ТРАМП ВО ОРВЕЛОВАТА „1984“

Лондон, (Дезин)

Британската графичка дизајнерка Ема Кинг напиша нова верзија од првото поглавје од новелата на Џорџ Орвел, „1984“, користејќи твитови од американскиот претседател Доналд Трамп.

Инспирирана од големиот интерес за дистописката литература и за активностите на Трамп на социјалните мрежи, Кинг користела онлајн архива за да се движи низ повеќе од 30.000 твитови на американскиот претседател, пред да ги вметне во текстот на Орвел.

Проектот на Ема Кинг стана книга од 150 страници во А3 формат, која е хоризонтално врзана

 

Таа прво вметнала избор на цитати, користејќи ја компјутерската програма „Индизајн“. Зборовите од романот се обоени црвено и поставени вертикално по страната, додека, пак, твитовите се поставени хоризонтално.

Првично, дизајнерката сакала да го изложи овој проект како ролна од петнаесет метри, за да ги прикаже методите на древно читање и на денешното листање со прст по мобилните телефони и таблети.
Но, подоцна ја променила формата на проектот, кој стана книга од 150 страници во А3 формат, која е хоризонтално врзана.

„Проектот создава сооднос помеѓу твитовите на Доналд Трамп и раскажувањето во ‘1984’, за да се сугерираат паралели помеѓу темите од книгата и подемот на моќта на Трамп“, вели Кинг.