Архитектонското студио „Мет+Фиона“ соработуваше со 100 деца од три основни училишта за да дизајнираат и изградат креативна лабораторија за други деца.

Простор од 1.200 квадратни метри во поранешна пожарникарска станица во јужен Лондон беше адаптиран во место каде децата ќе може да експериментираат, дизајнираат и да градат.

Фото: М. Мерсер

„Соработувајќи со нас, над 100 локални деца одлучија што треба да содржи креативниот простор, го дизајнираа а ние нивните идеи ги развивме во нашите дизајни. Во создавањето на простор за деца, децата, а не возрасните знаат најдобро што им е потребно“, вели Фиона Мекдоналд, која заедно со Метју Спрингет е сопственичка на студиото.

Фото: М. Мерсер

Просторот е поделен на 5 зони – за игра, за иновации, за предизвици во градење, за тестирање на вештините и за користење на алати.