Вечерва во 20 часот, во НГСМ – Мала станица ќе се отвори изложбата „Надреализам и фантастика (рефлексии) – избор од колекцијата на Националната галерија“.
„Со оваа изложба го заокружуваме годинашниот циклус на проекти преку кои јавно ги претставивме делата од колекцијата на галеријата низ разни концептуални пристапи. Целта на проектот е да се истражат и претстават развојот и влијанијата на овие правци во современата македонска ликовна уметност преку избор на репрезентативни дела кои се наоѓаат во колекцијата. Со ваквото претставување, пошироката јавност посеопфатно ќе се запознае со овој период од развојот на современата македонска уметност, односно проектот има и едукативен карактер“, вели директорката на Националната галерија на Северна Македонија д-р Дита Старова-Ќерими.