Автомобилската компанија „Форд“ ја искористи својата технологија за антиудар за да направи специјална количка за супермаркети.
Количката со автоматско сопирање е дизајнирана да застане пред да удри во човек, полица или каков било друг предмет. Производот ќе спречи многу несакани сценарија со колички, но „Форд“ ја дизајнирал имајќи ги децата на ум.
„Децата сакаат да ги копираат возрасните. Кога буткаат количка, мислат дека се зад волан и не ги забележуваат опасностите во супермаркетот’, вели експертот за родителство Танит Кери.
Компанијата вели дека децата често без надзор ги возат и се тркаат со количките во маркетите. Новата количка има сензор кој детектира луѓе или предмети во близина и прави да застане.
„Сакавме да покажеме како технологија од автомобилите може да биде корисна и за други производи“, вели маркетинг директорот на „Форд“, Ентони Ајрисон.